Дина Прелевиќ е српска актерка и балерина, а позната е и по тоа што е ќерка на легендарниот писател, пејач и познат боем, покојниот Душан Прелевиќ – Преле, кој почина во 2007 година.
Дина се најде во центарот на медиумското внимание кога во 2010 година, во пресрет на Мундијалот, се соблече до гола кожа и позираше за магазинот „Плејбој“.
Публиката ја памети по улогите во филмовите „Виртуелна реалност“ и „Земја на мртвите“, а глумата ја заврши во иста класа со Гордан Кичиќ и Љубинка Клариќ.
Во своите дваесетти се забавувала со познатиот хрватски заводник Франо Ласиќ. Се чинеше дека ќе успее да го „смири“, но не успеа, по неколку години врската се распадна. Денес ретко се појавува во медиумите.
Затоа пак, активна е на Инстаграм, каде Дина објавува провокативни и разголени фотографии кои на мажите им го одземаат здивот.
На познатата српска актерка и балерина, „око и не и трпнува“ да се слика „пиштол гола“…
И тоа во секоја можна прилика и на плажа и по дома!
Фото: Инстаграм принтскрин/dinaprelevic