Радио Милева
на висока нога

Таа е една од најбогатите Србинки: Во секоја спална има бања, совршен стан во Париз и ќуќа во Египет уредена од свекрвата (фото)

Таа е една од најбогатите Србинки: Во секоја спална има бања, совршен стан во Париз и ќуќа во Египет уредена од свекрвата (фото)

Манекенката Аника Божиќ ал Сарај ужива во луксуз, а сега зборуваше за животот на високата нога како и за тоа како уредила стан во центарот на Париз како и куќа во Египет.

– Секој простор има свој шарм, тешко е да се споредат стан во центарот на градот и куќа на плажа – вели на почетокот на разговорот Аника, која во својот дом во Париз има дневна соба, кујна, трпезарија, спални соби со бањи, помошни простории, тераса, градина, бар на отворено и простории за вработени.

Слична е состојбата и со домот во Египет, каде има приемна сала, но и неколку спални соби со бањи, како и библиотека која се уште е во изградба. Домот во Париз сама го украсила, додека за деталите во куќата во Египет и помагала свекрвата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

– Домот во Париз го уредив целосно сама, а куќата во Египет ја украси мојата свекрва, која вообичаено се занимава со уредување на ентериер. Со години собирам книги и фотографии од екстериери и ентериери и точно знам во каков простор би се чувствувал пријатно. Никогаш не сум имала желба да живеам во изложбен салон, туку во куќа која одговара на мојот сензибилитет и животни потреби – искрено изјавила манекенката и нагласила дека деталите се најважни во уредувањето на домот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

– Деталите се суштински како во дизајнот и ентериерот, така и во модата. Цел живот се занимавам со детали, деталите го прават дизајнот – вели таа.

Летните денови ги поминува во Египет покрај базенот што го поседува во огромна куќа.

– Во Египет најголем дел од времето го поминувам покрај базен, среќна сум што мојот син поголемиот дел од времето го поминува на отворено. Во Париз речиси сите соби ги користиме подеднакво – вели Аника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Со оглед на тоа што многумина ја нарекуваа арапска принцеза, таа открива дека има желба да готви и подготвува, но нема време за такви работи.

– Често со носталгија и жалење се сеќавам на кулинарските способности на баба ми што немам ниту време ниту страст да се посветам на стекнувањето на тие вештини. Што се однесува до домашните работи, од мала сум перфекционист и секој простор во кој престојувам мора да исполнува високи стандарди на организација и хигиена – вели манекенката која пред корона вирусот имала планови за нов недвижен имот со својот сопруг, но сè е моментално на чекање.

фото:Instagram/anika bozic

Останати вести од Радио Милева