Радио Милева повторно летале пердуви...

Свршеникот и менаџер на Андреана Чекиќ на турнејата низ САД, среде локал ја плукнал пејачката в лице и и’ ја искинал маичката, па останала со голи гради!

Свршеникот и менаџер на Андреана Чекиќ на турнејата низ САД, среде локал ја плукнал пејачката в лице и и’ ја искинал маичката, па останала со голи гради!

Андреана Чекиќ и нејзиниот свршеник, Марко Милошевиќ, повторно имале  инцидент, но овој пат во Америка, каде што моментално се одвива турнејата на пејачката и нејзиниот бенд.


Пердуви летале меѓу свршениците пред еден клубот минатата недела пред бројните минувачи. Како што пишува српски Курир, избраникот на пејачката бил толку неподнослив, агресивен и дрзок кон неа, што членовите на групата и организаторите морале да интервенираат и да ги разделат.


„Имаа слободен ден, па пејачката и членовите на бендот се одмораа. Излегоа на музика на едно место за да се релаксираат. Ништо не укажуваше дека може да се случи нешто лошо,но набрзо се случи инцидент. Тој почна да пие и во еден момент, тие почнаа гласно да расправаат. Милошевиќ тогаш започна да ја навредува Андреана, нарекувајќи ја со погрдни имиња и навредливи зборови. Никој не можеше да го задржи“ – вели очевидецот, кој бил на истото место. Според него, Милошевиќ ја плукнал пејачката в лице и и’ ја искинал маичката.

“Викаше: Јас ги сакам моите пари. Не дојдов тука бесплатно. Музичарите се обидоа да го убедат да ги смири своите страсти, но попусто. Тогаш тој  и ја искина маичката така што градите и се гледаа. Хорор. Тоа беше капката што ја прели чашата. Тогаш некој од нивниот тим го одвлекол Марк до автомобилот. Го однеле во друг хотел и му купиле билет од 1.600 долари за Србија“ – вели очевидецот.

Сепак, ден по инцидентот, Марко ја сфатил својата грешка, па ја молел вереницата од аеродромот да му прости.

„Тој не сакаше да се качи во авионот додека не  разговара со неа. Се вртеше околу аеродромот, трескајќи се од земја и молејќи ја да му прости. Не знам што се случи со неа, но таа им рече на музичарите да го вратат и да му дадат последна шанса. Таа рече дека не сака да го носи на своја душа ако му се случи нешто.

Инаку, ова не е првпат Андреана и нејзиниот верник да се степаат до крв. Двајцата летово имаа тепачка во еден хотел во Црна Гора, а поради повредите таа мораше да го откаже настапот во 5 до 12 во дискотеката во Будва, каде требаше да пее. Персоналот на хотелот морал да реагира за да ги смират своите страсти. речиси целиот инвентар во нивниот апартман бил искршен, стакла имало расфрлано на сите страни, а извици и навреди можеле да се слушнат дури до улицата.

Андреана и нејзиниот вереник Марко Милошевиќ се’ уште се легално во брак, тој со Марина Милошевиќ, со која има ќерка, а таа со клавијатуристот Иван Миладиновиќ. Иако поднеле барање за развод, нивните бракови сè уште не се разведени.

 

To top