Радио Милева

Свршеницата на Слоба Радановиќ ги прокоментира случувањата во „Задруга 1“, но и откри што мисли за Кија: „Можеби таа е најдобра личност на светот“

Свршеницата на Слоба Радановиќ ги прокоментира случувањата во „Задруга 1“, но и откри што мисли за Кија: „Можеби таа е најдобра личност на светот“
фото: Принтскрин/телеграф.рс

Свршеницата на Слоба Радановиќ, Јелена Ѓуричанин во своето прво интервју откри детали за врската со Слоба, откри што мисли за Кија Коцкар, но и ги прокоментира случувањата со Луна Ѓогани по завршувањето на реалното шоу.

Девојката на Слоба била запознаена со случувањата во Задруга 1, а кога го запознала Радановиќ немала предрасуди за него.

„Немав предрасуди за него, од самиот почеток мислев дека е воспитан, добро момче, се’ што мислев тогаш, го мислам и сега. Секако дека постапката е лоша, но тоа не значи дека и суштината е лоша. Сите ние грешиме, тој навистина има добри особини, тоа ми го покажа во текот на нашата врска“ вели Јелена за телеграф.рс

фото: Принтскрин/телеграф.рс

Таа откри дали се запознала со поранешната сопруга на Слоба, Кристина Кија Коцкар и што мисли за неа.

„Никогаш не се сретнавме. Навистина не ја познавам девојката. Искрено, не се сомневам во посебноста на девојките на Слоба. Едноставно треба да имаме почит кон поранешните љубови, тоа се луѓе кои сме ги сакале и кои биле дел од нашиот живот“ вели свршеницата на пејачот и додава:

фото: телеграф.рс

„Мислам дека не треба да кажам лоши зборови, ни јас ни никој. Девојката не ја познавам, можеби навистина е најдобра личност на светот, верувам дека е така, никогаш не се запознавме“ вели Јелена и открива дали со Слоба планираат свадба.

„Слоба е романтичен, знае да сака. Искрено, никогаш во животот не сум била толку сакана….Се шегував овие денови и му реков: „Ќе отидам во општина и ќе кажам – „Мене новинарите ми закажаа свадба, сега донесете ми го Слоба“. Зборувавме за тоа, но ништо конкретно не се договоривме“ вели Јелена.

Останати вести од Радио Милева