Во интервју за шпанските медиуми, Џорџина Родригез за прв пат отворено зборуваше за своето тешко детство. Вереницата на Кристијано Роналдо зборуваше за нејзиниот татко, осуден дилер, сиромаштијата, напорната работа и како таа не била задоволна од физичкиот изглед во нејзината младост.
“Работев многу за да ги остварам своите соништа и сите мислат дека сум богата од раѓање. Работев на себе и напредував како повеќето”, рече Џорџина.
Родена е во шпанскиот град Хуеска, а израснала во мала куќа со големо семејство. Џорџина не криеше дека нејзиниот татко е осуден криминалец, кој помина десет години во затвор за трговија со дрога. Свршеницата на Роналд сега важи за една од најатрактивните жени во светот, а таа признава дека порано била грда девојка.
“Никој не веруваше дека ќе прераснам во ваква убавица, сега луѓето му завидуваат на Кристијано и на мене. Зависта е чувство што ги уништува луѓето затоа што ги исполнува со омраза и горчина”, вели Џорџина.
Денес, волшебната бринета има семејство со познатиот фудбалер, а додека работеше во бутик, го запозна.
“Многумина не ме сакаат мене или мојот Кристијано. Тоа влијаеше на мене некое време, а потоа сфатив дека што и да направам ќе ме критикуваат. Затоа повеќе не ме интересираат туѓите мислења, се грижам само за среќата на луѓето што ги сакам и кои ме сакаат”. , заклучува Џорџина.