Радио Милева

Свршеницата на починатиот диџеј Авичи во емотивно писмо ги откри неговите последни зборови!

Свршеницата на починатиот диџеј Авичи во емотивно писмо ги откри неговите последни зборови!

По смртта на диџејот Авичи, неговата тајна свршеница објави емотивно писмо во кое меѓу другото, откри кои биле последните зборови кои и ги кажал. Чешката манекенка Тереза Качерова, на тој начин сакаше да се опрости од својот сакан и истакна дека сега собрала сила да се огласи.

-Драг Тим, изминатите дена чекав некој да ме пробуди, да ми каже дека се работи за болна шега. Мислам дека најпосле почнав да сфаќам дека навистина нема да те видам засекогаш. Првите неколку дена по смртта барав доказ дека си навистина мртов и читав вести за тебе, започнува таа.

❤ Part 1/2

A post shared by Tereza Kačerová (@terezakacerova) on

Тереза ги опишува најтешките моменти низ кои минува:

-По неколку минути зјапав во текстовите обидувајќи се да сфатам дека си починал. Беше премлад и прекрасен, а премногу те сакав за такво нешто да читам за твоето име, пишува свршеницата и додава:

-Веќе не се будам со твојата глава на своите гради, веќе секое утро излегувам од сон во реалност, а срцето лудачки ми чука. Се обидува да чука за нас двајцата?

Манекенката притоа се присети и на неговите последни зборови:

@jenncollins @hkassel

A post shared by Tereza Kačerová (@terezakacerova) on

-Последното што ми го кажа беше „Те сакам“. Те сакам и јас тебе како што ти сакаш мексиканска кока-кола, дури и повеќе, напиша таа.

По смртта, беше откриено дека Авичи извршил самоубиство. Починал поради големо количество загубена крв откако се пресекол со стакло, пишува американскиот портал ТМЗ.

To top