Свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ откри дека имаат планови да го прошират семејството.
Марина и Дарко во јуни претходната година го добија синот Алексиј, а Гагиќ вели дека планираат на синот да му подарат брат или сестра.
„Дарко и јас сакаме уште деца, но сега не е време бидејќи нашиот син е мал“ вели Марина за „Ало“.
Дарко и Марина се свршени подолг временски период, а на прашањето кога ќе биде свадбата таа вели:
„Се надевам дека наскоро ќе отидеме пред матичар“.
Марина за потребите на една ревија неодамна облече венчаница, а Лазиќ се воодушевил кога ја видел во бело.
„Дарко се воодушеви кога ме виде во венчаница. Ми напиша дека едвај чека да ме види во венчаница во која ќе му кажам „да“, признава Марина.
За потсетување, Дарко зад себе веќе има еден брак со пејачката Ана Севиќ со која има и ќерка Лорена.