Цеца Ражнатовиќ досега одржала голем број концерти во кариерата. Сепак, три најуспешни беа во Белград, на Маракана во 2002 година и на Ушче во 2006 и 2013 година.
Фолк ѕвездата овој пат се најде на светската ВТА листа во топ 10 најпосетувани концерти на сите времиња, а по тој повод таа изјави колку е среќна поради тоа.
– Многу сум среќна што сум на сите светски листи кога се во прашање масовните концерти – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.
Нејзината сестра Лидија Оцокољиќ изјави дека тие концерти биле прекрасни.
– За мене трите големи концерти беа прекрасни.
Како што откри Цеца, идејата за настап на Маракана ја дал нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.
– Идејата за концерт на Маракана ми ја даде мојот покоен сопруг. Од кога закажавме, секоја вечер сонував празна Маракана – низ смеа изјави Цеца.
Кога биле распродадени сите билети, Цеца мислела дека ги купил само еден маж.
-Не знам кој ги купил сите тие карти, ако еден човек ги купил, не излегувам да пеам – откри Лидија.
– Блиските луѓе секогаш велеа дека сум мрзелива и дека можев да постигнам многу повеќе – изјави Цеца.
Таа раскажала и дека пред концертот имала проблеми со забот.
– Што ќе правам со скршениот заб. Морам да се појавам, бидејќи не можам да доцнам – изјавила таа.
Фото:Принтскрин/Блиц Тв/Цеца Шоу