Во последните неколку месеци медиумите постојано пишуваат дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е бремена.
Иако парот не ги коменитраше овие пишувања, неодамна се проширија вести дека Кејт и Вилијам очекуваат близнаци, а новодно се знае и кога војвотката треба да се породи.
Според „National Enquierer“ приновата во кралското семејство ќе пристигне за помалку од два месеци.

„На бебињата најмногу ќе се радува малата принцеза Шарлот која има посебна врска со браќата, но многу сака да има и сестри“ вели извор близок на семејството.
Кејт и Вилијам се уште не огласија по повод овие пишувања, а дали повторно ќе станат родители останува да видиме.