Турската актерка, Мерием Узерли (37), или попозната како Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, ги разнежни фановите со фотографија заедно со своите наследнички.
Убавата Хурем позираше со своите ќерки Лара и Лил Кои.
Мерием ја држи во рацете новородената ќерка, , а нејзините обожаватели велат дека убавата Хурем по долго време изгледа посреќно од кога било, особено на фотографијата каде ги гушка своите наследнички.
View this post on Instagram
Актерката овој момент со своите ќерки го објави на својот Инстаграм профил, а за само неколку часа имаше повеќе од половина милион лајкови.
Инаку, идентитетот на таткото на втората ќерка на актерката останува во тајност.