Пејачката Антониа Гиговска повторно е во фокусот на медиумите откако се породи и на свет донесе машко бебе.
Таа беше на насловниците на порталите и во коментарите на социјалните мрежи, откако обелодени дека е бремена и очекува дете со клавијатуристот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски.
Прв на социјалните мрежи за убавата вест се пофали нејзиниот сопруг, таткото на новороденчето, музичарот Роберт Спасенцовски кој на неговиот Фејзбук профил напиша дека е благодарен што ќе стане татко:
– Станав татко, фала ти господе за оваа среќа – стоеше во неговата објава.
По тој повод Антониа беше опсипана со бројни честитки, како од обожавателите, така и од најблиските членови на нејзиното семејство.
А, еден од оние кои испратија емотивни зборови беше и свекорот на Антониа, фолкерот Боби Спасенцовски кој на социјалната мрежа Фејзбук напиша текст посветен на внукот:
„Велат стеблото од лозата многу го сакаш, бидејќи ти си го посадил и е само твое ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен… така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук станав дедо“ – напиша тој во објавата.
Инаку, Боби Спасенцовски за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада, а исто така и директор на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.
Вистина.мк пишуваше за соработката на Антониа и сега веќе нејзиниот свекор Боби Спасенцоски.
Боби тогаш со веста дека ќе стане свекор јавно се пофали, а исто така напиша дека Антониа веќе ја смета за ќерка, а радоста која сега му ја донесе го направи и среќен дедо.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска/Фејзбук/Боби Спасенцовски