Од 6 септември започнува новата сезона на реалното шоу „Задруга 4“.
Покрај Кристијан Голубовиќ, во реалното шоу влегува и сваќата на Новак Ѓоковиќ, пишува „Србија данас“.
„Марија живее во Германија и го познава Бора Сантана, па преку него успеала да добие повик да влезе во реалното шоу „Задруга“ уште во претходната сезона. Тогаш се размислуваше бидејќи имаше кафуле во Офенбах, но во меѓувреме го затвори и стана келнерка“ изјави изворот и тврди дека Марија побарала со неа да влезе и нејзината другарка Даниела Мешиќ.
Марија наводно ги потврдила овие информации.
„Едвај чекам да се вселам во Белата куќа со Даниела. Точно е дека сум во сродство со Јелена, но не сакам публиката да ме запамти по тоа“, вели таа и додава дека во Станија и Кристијан не гледа конкуренција, но доколку ја нападнат ќе се брани.