Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ ќе ги платиречиси сите трошоци за свадбата на својот син Вељко и идната снаа Богдана Родиќ, чии родители, пак, инсистираа да платат дел од сметката за ресторанот за своите 150 гости.
Светлана Цеца Ражнатовиќго отвори ќесето за свадбата на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, кој ќе се венчава со неговата вереница Богдан Родиќ во недела. Како што се дознава, фолк ѕвездата потрошила дури 120.000 евра.
Во цената е вклучено превоз за членови на семејството од Белград до Тител, каде живее невестата, украсување и декорирање на просторот, трошоците за црковната венчавка, невестинската торта, двата фустани што ќе ги носи Богдана, ресторанот, музиката, накитот за невестата, поканите, бовчите за сватовите, костумот на младоженецот, Ролс-Ројс лимузината со која ќе оди младоженецот по неговата идна сопруга, адетот за „купување“ на невестата, двата фустани на Цеца, како и костумот и фустанот на Анастасија, но и реновирањето на вилата во Љутице Богдана, каде што младите ќе живеат по венчавката.
„Цеца го жени за својот син и сака да плати апсолутно сè, а трошоците воопшто не се мали. Бидејќи ќе има 500 поканети, Цеца сакаше да го плати ресторанот и за гостите од страна на невестата, но родителите на Богдана изразија желба и тие да учествуваат, така што ќе ги сносат трошоците за 150-те нивни гости, а за останатите 350 гости ќе плати Цеца. Затоа, ресторанот со најскапото мени само Цеца ќе ја чини 35. 000 евра“ – вели извор близок до пејачката и продолжува:
„Ангажирана е агенција за украсување простории. Куќата на Цеца како и ресторанот ќе биде украсена со најубави природни цвеќиња, додека во салата ќе бидат поставени и дрвца. Сè е дизајнирано амбиентот да биде прекрасен, а цената за декорацијата изнесува 30.000 евра. Пејачката неодамна имаше и реновирање во куќата, кое чинеше околу 3.000 евра. Од семејниот дом, таа организирала автобус за да ги однесе Тител членовите на семејството на зетот, кои ќе одат да ја земат невестата, додека младоженецот изнајмил луксузен Ролс – Ројс за 500 евра.
Цеца е горда што нејзината снаа изразила желба да ја облече венчаницата, но покрај тој фустан ќе носи уште два. Специјално за невестата е креиран фустан, кој ќе има 30.000 кристали, чија цена е 10.000 евра, додека другиот е покласична и чини 5.000 евра“ – вели нашиот соговорник.
Бидејќи Вељко и Богдана ќе ги венча свештеникот во Храмот Свети Сава, Цеца ќе учествува со донацијата на храмот.
„Цеца ќе донира 5.000 евра. Трошоци има и за костумот на Вељко, кој тој го купил во странство за 20.000 евра, но и двата фустани на Цеца од 10.000 евра и костумот на Анастасија од 2.500 евра, како и фустанот од 3.000 евра. Исто така има подготвено и накит за невестата од 15 000 евра, како и бовчи за нејзините родители од по 2.500 евра. Кога ќе се подвчлече црта, се’ ќе чини околу 120.000 евра“ – вели изворот близок до фолк дивата за српски Курир.