Џејла Рамовиќ ја напушта Барселона, каде моментално е поради студии, а причината за тоа е ни помалку ни повеќе, туку свадба!
Имено, Џејла, која ревносно студира во Шпанија, ќе земе неколку дена одмор напролет, за да се врати дома, бидејќи нејзината сестра Лејла ќе се мажи.
Лејла Рамовиќ ја сподели радосната вест на својот „Јутјуб“ канал и откри дека таа и нејзиниот вереник Дино ќе се венчаат напролет, а на тој убав ден ќе присуствуваат сите членови на семејството Рамовиќ, вклучително и Џејла.
Како што потврди средната сестра Рамовиќ, подготовките за венчавката во голема мера се во тек, а сите членови на семејството се неверојатно возбудени.
Бидејќи се голема поддршка една на друга, сестрите ќе и помогнат на Лејла да ја организира венчавката од соништата, а Џејла која извесно време го остави микрофонот заради студиите, со задоволство ќе пее на свадбата на нејзината сестра.
Фото: инстаграм принтскрин/ramoviclejla