Еден од нашите најпознати ТВ и радио водители, Ване Маркоски со своите следбеници пеку социјалните мрежи сподели убави вести.
Неговите профили редовно се полни со нови објави околу професионалните и инфлуенсерски ангажмани, но овој пат Ване сподели нешто многу лично што и како го направи радосен и му затрепери душа, него и на неговото семејство.
Имено, неговиот помлад брат Бојан решил да се жени и ја запросил девојката која кажала „да“ на понудата.
-Брат ми и снашка. Здравје и среќа само. А, да … и без коментари: ај и на твоја глава, пишува Ване во описот на фотографијата каде позира со младите, но има и посебна забелешка, да не му посакуваат и нему да „рипне во тавче“.
Коментарите се редеа, а многумина сакаа да бидат духовити, па тргнаа со намера току спротивна, да го „чепнат“ за она што не му одговара, па тоа „ај и на твоја глава“, се редеше низ повеќе коментари на кои тој не возврати.
Бојан кој инаку по просесија е полицаец и е шест години помлад од Ване, го претрка постариот брат кога е брак во прашање, а дали на Ване не му се споиле коцките на љубовно поле или пак воопшто на сака да размислува на брак зашто му се арно во ергенскиот живот, знае самиот, а и оние поблиските до него.
фото:Фејсбук/Ване Маркоски