Водителката, музичар и писателка, Сузана Турунџиева ја отвори душата и раскажа за сите свои падови и лекови во животот, за сите неочекувани „бури“, загуби, но и за тоа на што ги учи своите две ќерки.
Во интервју за порталот 365.мк, таа открива дека се се случува со некаква причина, а солзите, насмевките, среќата и загубата се составен дел од многу човечки судбини, не само во нејзината.
Веројатно се се случува со некаква причина. И солзите, и насмевите и среќата и загубата се составен дел од многу човечи судбини, не само во мојата. Јас смртта на блиските ја почувствував уште многу млада, пред 24 години, кога го изгубив татко ми, потоа брат ми, на своите 36 години… За жал, животот не ме штедеше и немилосрдно ме тестираше колку можам да поднесам. Моите деца беа дел од сите тие немили состојби во кои немавме ниту време, ниту можност да се подготвиме, прилагодиме. Никому не му посакувам да се најде во ситуации како јас, ние, но ете, животот не те гали милува, немаш генерална проба за ништо…, раскажува Сузе и додава дека ќерките најважно е тие да ги знаат и применуваат основните човечки вредности.
Како и секоја мајка, ги учам на основните животни вредности. На тоа дека животот не е црвен килим послан со рози, туку дека некогаш тој е патека полна со трње, по која треба храбро да изодиш. Ги учам да не бидат плачки, и да не се повлекуваат, бидејќи на светот нема да му биде гајле за нивните солзи. Да бидат свои, достоинствени, чесни и исполнителни. Да учат јазици, да патуваат и сонуваат и да не дозволат никој да им ги скрши соништата., вели Турунџиева за 365.мк