Радио Милева

Сузана Турунџиева: „Во вонредна состојба единствено ми недостигаат прегратките со драги луѓе“

Сузана Турунџиева: „Во вонредна состојба единствено ми недостигаат прегратките со драги луѓе“

Повeќе од два месеци како владее вонредна состојба во државата, а ние седиме дома со одредени препораки и протоколи за движење.

Од март, па наваму животот ни се промени од корен, па ако пред два месеци имавме прилика и време да се дружиме со пријателите сега тие дружби ќе мораа да почекаат.

Во оваа ситуација сите имаме некој кој ни недостига, луѓе кои не сме ги виделе подолго време и кои едвај чекаме да ги видиме, прегрнеме, да ги прашаме како се, да се дружиме како некогаш.

фото: фејсбук

Сузана Турунџиева на својот „Фејсбук“ откри кој и недостига во овие ситуации.

„Пред некој ден во една ТВ емисија ме прашаа што најмногу ми недостига во вонреднава ситуација… Не знаев што да одговорам, бидејќи кога имаш здравје, храна, вода и покрив над глава имаш СЕ… Подоцна се сетив дека единствено ми недостигаат прегратките со драгите луѓе и настаните на кои среќавав обично-прекрасни луѓе… Луѓе со душа…
А за тие, обично-прекрасните луѓе можам со денови да ви раскажувам… Тие ми се омилена сорта на луѓе… Тие се секогаш убави, дури и кога на грбот им натежнале годините… Тие не мирисаат секогаш на скап парфем, ама во нивна близина се чувствувате пријатно и сигурно како во мајчината утроба…
Тие се убави и кога се без шминка… Дури и кога се уморни, и кога имаат брчки… Бидејќи нивната убавина никогаш не старее… Со текот на годините станува се поизразена и попрефинета…
Обично-прекрасните луѓе никогаш не престануваат да блескаат…
Надворешната убавина им е само скица!
А за ремек дело е потребна ДУША!“, напиша Сузе на социјалните мрежи.

Инаку, таа неодамна изјави дека својот внук, синот од ќерката Лора не го видела неколку месец, а тој веќе проодил.

Сузе  и во времето

фото: фејсбук

на вонредната состојба не заборава на физичките активности, па редовно и пракитукува јога во својот дом.

 

Се надеваме дека оваа ситуација наскоро ќе заврши, па сите повторно ќе може да се дружиме, а дотогаш седи дома.

To top