Радио Милева Благословена

Сузана Турунџиева во новогодишен амбиент со труднички стомак (фото)

Сузана Турунџиева во новогодишен амбиент со труднички стомак (фото)

-2019-та беше година на чудата. И благодарам на се што донесе, а посебно на се што однесе од мојот живот… И во 2020та продолжувам да верувам во чуда… Нека трепка!- гласи новогодишната желба на ТВ водителка, музичар и писателка Сузана Турунџиева.

Во 2019 година таа стана млада баба, а нејзината ќерка Лора се омажи и за првпат се оствари во улогата на мајка.

фото:сузана турунџиева/инсатграм

Току затоа, тоа беше најубавото чудо во животот на Сузе за годината која измина.

фото:сузана турунџиева/инсатграм

Турунџиева ја навјасаа спомени или носталгија за годините наназад, па почна да објавува досега невидени фотографии од пред една деценија, односно во времето кога водеше емисија на А1 телевизија, а беше и бремена со ќерката Матеа.

фото:сузана турунџиева/инсатграм

Сузе ги изненади своите следбеници со овие ретро фотографии, а со тоа покажа дека секоја година која останува зад нас има свои позитивни и негативни страни, но најдобро за нас е од оние не толку добрите да извлечеме поука, а за оние убавите да бидеме благодарни на Бога!

To top