Радио Милева

Сузана Турунџиева со емотивна порака за нејзиниот починат татко: „Пред 25 години не напушти човекот кој многу го сакаше животот“

Сузана Турунџиева со емотивна порака за нејзиниот починат татко: „Пред 25 години не напушти човекот кој многу го сакаше животот“

Сузана Турунџиева неодамна стана баба односно нејзината ќерка Лора и зетот Филип станаа родители на нивното прво дете, синот Јаков.

Периодов, Сузана ужива во својата нова улога на баба, па покрај сите обврски своето слободно слободно време го поминува со најблиските.

фото: принтскрин/инстаграм/лоратурунџиева

Меѓутоа, деновиве Турунџиева се потсети на нејзиниот татко кој почина пред 25 години, па тој повод таа се огласи на социјалните мрежи и му посвети емотивна порака.

На денешен ден пред 25 години, во едно сончево мартовско утро (наспроти сите наши молитви) засекогаш не напушти човекот кој многу го сакаше животот, природата, ги сакаше животните, луѓето, особено децата… Мојот татко Васко… После него зборот ТАТКО не беше веќе општа именка… За жал, во моето племе таа именка (со текот на настаните) прејде во апстрактни именки… И тоа траеше, и траеше… Иронијата на сето ова мораа да ја доживеат прво моите внуци, а подоцна и моите деца?… И да замислуваат како треба да изгледа некој кој е татко“ напиша Турунџиева и додаде дека нејзината ќерка Лора треба да е среќна што го има Филип за сопрруг, а нивниот син Јаков што има таков татко.

Му благодарам на животот што ни го даде Филип, кој не потсети што значи да се биде ТАТКО… Лора ќерко, ти си допрена од Бога што Јаков има татко како Филип… Ви благодарам за љубовта што ја имате, и што го вративте во употреба најдефицитарниот збор во нашиот семеен речник“ напиша Сузана.

За потсетување, ќерката на Сузана претходната година стапи во брак со Филип, а оваа година станаа родители.

фото: Принтскрин/фб/инстаграм

To top