Секој од нас луѓето има некоја своја пасија, некоја неостварена желба, скриена страст… која порано или подоцна во животот ќе проба да си ја оствари!
Така и македонската водителка, пејачка, пистаелка, универзитетски ПР, инфлуенсерка… ( што ли веќе не работела?) Сузана Турунџиева откако стана баба на внучето од нејзината ќерка Лора и проработеа младешките хормони! Или поточно ја удрија в глава, ама изгледа онака позитивно, па водителката се најде пред стариот предизвик да си го оствари сонот од младоста. Така баба Сузи реши да стане баба „Сузуки“… или кој зне веќе која мото марка, односно да стане моторџика на стари… пардон – „во зрели години“!
Меракот си е мерак, а кога меракот е толку голем страста е уште поголема, па желбата нема цена. Затоа Сузана откако реши да го јавне, прво му се качи за да го проба, а потоа донесе цврста одлука: „Тој ќе биде само мој“… Само, за да одговори на следниот предизвик, треба да и се исполнат два услова: да го купи и да чека да се подзатопли!
А потоа кој ќе ја гледа Сузана качена на нејзината „макина ди спортабиле“ како прави тури додека јури по скопскиот асфалт!? А можеби и не само по скопскиот, зашто на моторџи(к)ите тесни им се градските улици, па лесно може да се случи Турунџиева напролет или на лето, да ја сретнете наместо на некоја скопска улица, на автопат како… „Ноќна волчица“!?