Пред четири години ТВ водителката,музичар и писателка, Сузана Турунџиева за првпат стана баба кога на свет дојде вкукот од ќерката Лора – Јаков.
Оттогаш, како и за сите баби, светот на Сузе се смени, стана поубав, пошарен, посуштински…
Повозрасните знаат да кажат дека љубовта кон внучињата не се опишува, па покрај нив не се чувствува ниту забот на годините.
Но, Сузана нема проблем со годините затоа што млада ја доби привилегијата да стане баба, па оттука виталната млада „бабичка“ нема никаков проблем да ги исполнува сите желби на внукот.
Сузе е посветена на Јаков и доста често се грижи за внукот. Го учи на се што треба да знае на негова возраст за животот и ужива да му го прави интересно секојдневието, а секако и тој неа.
Па така, деновиве имаа интересна агенда, разгледување на трговскиот и културно – историски дел во Скопје и една од значајните знаменитости на градот – Старата скопска чаршија.
Прошетка и тоа тематска под маски, тој како Бетмен, а таа неговата придружба
Во случајот јасно е кој водеше и беше во главна мисија, а се’ на се’ сигурни сме дека им било најзабавно, ги собрале погледите и тешко кој помисли дека на овој шармантен Бетмен придружбата му е баба.
Фотографиите таа ги објави на својот Фејсбук каде само дополнително следеа коментарите со потврда дека ова не е баба, туку „супер баба“!
фото:Фејсбук/Сузана Турунџиева