Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева како и повеќето ги почитува препораките за заштита од коронавирусот.
Имено, таа е изолорана од своето семејството, односно од ќерката Лора, зетот Филип и внукот Јаков.
Турунџиева за „Женски магазин“ открива дека тие и недостасуваат во овие не толку пријатни времиња.
„Последен пат се видовме и гушнавме на роденденот на Јаков, на 7ми март. Не ни претпоставувавме дека сѐ вака брзо и неизвесно ќе се одвива и дека пандемијата ќе ни го испреврти наопаку животот, ќе нѐ затвори сите дома и ќе ни наметне забрани и ограничувања да се чувствуваме далечни, како меѓу нас да се испречила цела Австралија“,изјави Турунџиева за порталот и додава:
„Единствено мислата дека се добри, дека се безбедни и дека не им недостига ништо ми дава мир во овие нималку спокојни денови во кои имам чувство дека застана животот. Иако јас и моето семејство поминавме низ многу “корони” во минатото и преживеавме, сега сфаќам колку сме немоќни да смениме било што. Колку се долги ноќите и деновите без тие што ги сакаш, особено без нашиот светилник Јаков. Тој во меѓувреме прооде и прави толку многу нови нешта. А ние не можеме да му се изнарадуваме. Но, за среќа преку многуте апликации на паметните телефони се гледаме и се гушкаме од далечина. И се молиме едни за други“.
Таа исто така потенцираше дека нејзината помала ќерка Матеа во овој период многу се променила како физички, така и психички и многу одговорно ја доживува ситуацијата.
За потсетување, внукот на Сузана, малиот Јаков на почетокот на март наполни една година.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kjerkata-na-suzana-turundzieva-lora-slaveshe-prv-rodenden-na-sincheto-i-pokaza-kolku-e-porasnato-foto/