Радио Милева

Сузана Манчиќ првпат раскажа детали за загубата на синот пред 30 години: „Се роди жив, но не го слушнав неговото плачење“

Сузана Манчиќ првпат раскажа детали за загубата на синот пред 30 години: „Се роди жив, но не го слушнав неговото плачење“

Сузана Манчиќ неодамна во една емисија првпат јавно откри дека пред да ги роди ќерките, таа родила дете кое починало, а со овој податок од нејзинато минато ја изненади јавноста.

Кога прочитала дека Криси Тајген го изгубила своето бебе, не се воздржала да не заплаче бидејќи таква случка и се случила и на неа пред 30 години.

„Се што ми се случуваше во минатото пред моите деца за мене е историја и не се враќам. Меѓутоа, кога ја видов фотографијата се сетив низ што поминав. Очите ми беа полни со солзи. Самата се изненадив од својата реакција бидејќи тоа одамна го оставив зад себе“, вели Манчиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial) on

„Не сакам да зборувам за тешките моменти во својот живот. Ќе се затворам и сама го преболувам тоа. Бев во шестиот месец од бременоста кога почувствував болки и контракции. Кога работите ќе тргнат наопаку вообичаено се редат една по друга. Заминав во КБЦ Ѕвездара. Таму се обидоа да ги стопираат контракциите. Трпев големи болки. По некое време дојде сестрата и ми кажа дека не може да ги стопира контракциите и дека ќе се породам. Се роди момче. Откако го прегледа, ми се приближи докторката и ми кажа: Сузана не се надевајте“. Се роди жив, но белите дробови не беа доволно развиени. Не го слушнав неговото плачење по раѓањето. Се случи во рок од 24 часа“, раскажува Манчиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial) on

Се во тој момент би било поразлично да водителката во тој период да не била сама.

„Би сакала во тој момент да ме почекаа мојот сопруг и тој да го направи тоа. Сакав тој да е до мене или мајка ми, но дотогаш никој не успеа да се врати во Белград“ , завршува Сузана.

To top