Сузана Манчиќ моментално се наоѓа во изолација во својот стан во Белград каде е заедно со ќерките Наталија и Теодора.
Таа во последен момент се вратила од Грција, а нејзиниот сопруг Симоен останал таму поради здравственото осигурување.
„Во последен момент се вратив од Грција. Кога видов што се подготвува со овој вирус, сфатив дека треба да бидам покрај ќерките. Живеам како морам. Луѓето умираат, а на некој му е тешко што не може да оди на трчање. Седи каде што си и чекај да заврши и да останеш жив. Ете, така размислувам. Не излегувам од стан, а моите девојки ги шетаат кучињата, одат во набавки…“ вели Сузана и објаснува дека со Симеон се слуша преку интернет.
„Се слушаме преку вибер, му покажувам колку е пусто и колку некои безобразни ги кршат правилата. Тој е во својот стан, никаде не оди. Како што стојат работите, ова ќе потрае, па нема да се видиме додека не ги отворат границите, а мислам дека тоа нема да биде пред јули. Ако даде Господ на 1 јули ќе прославиме 2 години брак, ако не ќе наздравиме со шампањ преку своите телефони“ вели Манчиќ.