Пејачката и сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ откри дека не е имуна на негативните коментари за нејзиниот сопруг и „Ѕвездите на Гранд“.
Таа вели дека критиките ја допираат бидејќи е многу емотивна личност.

„Како личност која е емотивна тешко ми паѓа неправдата кога сме ние во прашање. Посебно, кога зборуваат личности кои воопшто не ве познаваат, а сепак знаат да ве критикуваат“, вели Сузана.
„Конкретно мислам на „Ѕвездите на Гранд“ и на тие деца, ме боли кога велат дека Сале ги третира како робови. Па ако се тоа робови што живеат убаво, имаат свои автомобили, сметка во банка, станови на свое име, убави хорнорари, патуваат по светот – ако тоа се робови…Навистина. А тие деца до вчера работеа за неколку стотитини денари, а денес имаат многу повеќе. И треба да имаат. Бидејќи нивниот успех е и наш успех.Многу ме повредува тоа, а се гледа дека тие деца се успешни и имаат свои семејства и од срце им посакувам да имаат уште повеќе“, вели Сузана за курир.рс

Потсетуваме, неодамна Јовановиќ по долго музичка пауза го издаде својот нов албум кој го финансираше Поповиќ.