Една од најзгодните и најсексапилни фолкерки во македонија, пејачката Сузана Гавазова снимаше ново видео за песната „Опасна за око“, отпеана на последниот „Роса фест 2017“, која таа ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев.
Видеото се снимаше во Скопје, а за него беше задолжена екипата од продукцијата „Арт студио“. Во него привлечната струмичанка покажа буквално со се’ што располага како убавина…
Гавазова го „истури“ сиот свој сексапил, ставајќи ги на тацна своите бујни атрибути, подзаскриени во по некое парче облека.
Од убавото лице и полните усни, преку бујните гради и нејзината секси задница, до виткото тело и долгите нозе во чии препони високо се врежало црното боди… колку да го покрие она што преостанува!
Провокативна, пожелна, заводлива… Гавазова – секси до болка!
Сето ова спакувано во речиси една минута, како најапрпвпкативното од новиот спот, во едно рекламно интро, кое го најавува видеото што треба наскоро да биде промовирано!
Погледнете го трејлерот и… уживајте: