Промотер

Сузана Гавазова во „Бум – бум“ порачува: „Никој ништо не ни може, само песна дај ни Боже“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова во „Бум – бум“ порачува: „Никој ништо не ни може, само песна дај ни Боже“ (ВИДЕО)

На повеќе локации во прекрасниот македонски бисер Охрид, се снимаше новиот спот на македонската фолкерка Сузана Гавазова за песната која е насловена “Бум Бум”. Снимањето се одвиваше во забавна и весела атмосфера, а видеото кое веќе е пуштено во етер, го изработи ИН продукција.

Не сум била од лани во Охрид и многу ми е убаво кога ќе дојдам тука особено во зима, а дојдов по повод снимањето на спотот за една нова песна која се вика “Бум Бум”. Снимивме со ИН Продукција, на неколку локации во Охрид: Кај црквата Св. Софија, по Охридската чаршија низ која се прошетавме со музичарите, зурлаџиите и тапанџиите од Дебар, кои дојдоа специјално за ова снимање, за што јас особено сум им благодарна.

Мислам дека беше интересно и додека се снимаше луѓето гледаа, беше атракција на некој начин. Кога снимавме не поздравуваа, гледаа и се веселеа“ – истакна Гавазова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Станува збор за музика која потекнува од старо струмичко оро, од кое подоцна е направена песна на ромски јазик.

„Првпат ја слушнав од Бернат и многу ми се допадна, па си реков зошто да не ја направам јас на македонски јазик и излезе дека многу убаво звучи и на македонски.

Зурлите и тапаните се најпознатите македонски инструменти, па затоа и убаво се совпадна и вклопија во песната, за чија македонска верзија текстот  го напиша Орце Зафировски“ – завршува Гавазова, најавувајќи ја „Бум Бум“ која можете да ја проследите во продолжение.

To top