Јавните личности профилите на социјалните мрежи се повеќе ги користат за да ги информираат своите следбеници за нивните нови проекти, ангажмани, ги промовираат новите песни, настапи…
Меѓутоа, ги има и оние особено инфлуенсерките или познатите водителки кои имаат голем број на следбеници, па на социјалните мрежи промовираат одредени брендови или објавуваат игри..
Македонската пејачката Сузана Гавазова е доста активна на својот „Инстаграм“, а многу често знае да ги почести фановите со провокативни фотографии.
Меѓутоа, овој пат Сузана се одлучи за еден хуман гест. Имено, таа одлучи да подари 6 фустани кои имаат посебно значење за неа.
Таа ги објави и правилата на играта.
„Овие прекрасни фустани кои се од посебно значење за мене ги подарувам на шест различни добитнички по случаен избор.
Се што треба да направите:
- Следете ме на фејсбук и инстаграм @suzanagavazova
- Лајкнете го постот и тагирајте ги вашите најблиски во коментар
- Шерувајте го овој пост
Добитничките ќе бидат лично контактирани и објавени на фан страната. Наградната игра ќе трае до петок 23.10 до тогаш ви посакувам СРЕЌА и ви праќам бакнежи, напиша пејачката на социјалните мрежи.
Нејзините ФБ пријатели веднаш побрзаа да означат некој за да добие фустан.
Некои од нив го пофалија овој гест на пејачката велејќи дека оној кој дава му се враќа и дека е ова прекрасен гест од неа, а некои и предложија следната година да размисли да подари фустани за матура, па пејачката одговори дека ќе размисли и за тоа.
„Прекрасни се Сузе фустаните, да си жива и здрава“, „Сузе фустаните се убави како што си ти убава, ти посакувам се најдобро, пред се многу здравје, среќа, успеси во иднина и од Бога благословена“,„Сузе прекрасна идеја што поклонуваш Господ да ти даде повеќе инаку моја омилена особа си и ги обожавам твојте песни“ беа само некои од коментарите.
Меѓутоа, се најдоа и оние кои овој гест на Гавазова го прокоментираа како „чистење на плакарот“ .
„Сузе Сузи праи чистка на плакарите и и текнало како да добие плус лајкчиња а вие селендри г*з ќе дадете за гага кич партали за бришење прашина…. Носени преносени, сезона лето господово 95’. ФУЈ ФУЈ!!!, „Извини но мене како поединец не ми се допаѓа гестов, носени па да ги подаруваш, јавно да се тагнат, па да ја споделат твојата страна“ се некои од негативните коментари.
Како и да е, Сузе сигурно имала добра намера и фустаните да отидат во вистински раце односно на оние на кои им се потребни.