Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова топлите денови моментално ги поминува во вилата во Стар Дојран. Од таму таа нејзините фанови не престанува да ги „чести“ со жешки кадри и провокативни видеа со кои секојдневно им ја разубавува реалноста.
Во бикини, танцот налик на светски позната пејачка Бијонсе, Гавазова без проблем го изведува на терасата на која најчесто се снима.
Дека фолкерката времето поминато покрај езеро го поминува исполнето – нема сомнеж, но исто така големо внимание посветува и на нега на нејзиното тело.
Доказ за тоа беше и видеото на кое покажа како вози велосипед, а со кадарот одзади на следбениците им ја замати свеста.
Но, сега на нејзините кратки Инстаграм приказни се најде и една емотивна фотографија на која фолкерката напиша и дека пуштила неколку солзи.
Бидејќи ја обземале емоциите, таа сакаше и јавно да ја сподели ситуацијата која ја растажи.
„Денес им ја отворив вратата на овие убави папагалчиња што знаат преубаво да пеат и со солзи во очите им реков слободни сте, но… не одлетаа. Останаа во кафезот, можеби утре ќе бидат похрабри“ – напиша таа за доброто дело кое го направила.
Причината поради која тоа го направила не е докрај јасна, зашто друго прашање е како тие ќе се снајдат во природа и дали ќе можат да опстојат кога ќе дојде зима, но, сепак… Со нејзината постапка Гавазова на сите им ги разнежни срцата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сузана Гавазова