Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена „Сећање на твој грех“, за која веќе пишувавме неодамна.
Автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ за српската верзија, додека за македонската верзија текстот е на Орце Зафировски, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ.
Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополнил Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.
„Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот… дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Гавазова претставувајќи ја новата песна тогаш на Српски јазик, а сега и македонската верзија насловена „Роден си за грев“, која доколку сакате да дознаете како изгледа и звучи, проследета ја во продолжение.