Фолк пејачката Сузана Гавазова е од оние кои редовно посетуваат ресторани за дружба со колегите, но и со најблиските.
Бидејќи е неуморна секогаш кога е негде таа кратките приказни на нејзиниот Инстаграм профил ги полни со објави од нејзините провокативни пози кои ги снима и внимателно ги подготвува за да ги извести нејзините следбеници каде е и што прави со цел да ги израдува, со тоа што ќе ја одржи нивната заинтерисираност за неа, а со тоа и сопствената популарност.
Така беше и овој пат кога фолкерката замина во еден ресторан и веднаш го зема мобилниот во рацете и ја вклучи камерата за да се сними и да постира кратко селфи видео од себе си.
Таа додека се вртеше и ја одалечуваше и доближуваше камерата за целосно да го покаже она што сакаше, во кадар и влетаа нејзините две наследнички кои Сузе отпрвин не ги забележа.
Несакајќи откри во чие друштво ужива овој пат, нејзината насмевка само блесна на лицето додека девојчињата мафнаа со рацете во кадарот во кој ненадејно влетаа.
Па, откако ќеркичките Емили и Селена се втурнаа во камерата таа не го преснима видеото туку гордо го сподели со сите и покажа со кого е најсреќна.
Фото: Принтскрин/Instagram/suzanagavazova