Радио Милева рецепт за делириум

Сузана Гавазова како секси „тигрица“: Бујна однапред, раскошна одзади, струмичката фолк ѕвезда вака се загрева пред „тезга“ (ФОТО)

Сузана Гавазова како секси „тигрица“: Бујна однапред, раскошна одзади, струмичката фолк ѕвезда вака се загрева пред „тезга“ (ФОТО)

Сузана Гавазова е една од  најкомплетните македонски фолк пејачки. Доволно добар глас, уште попримамлив стас, поглед што пали и насмевка што плени, долги нозе, бујна однапред, раскошна одзади… Гавазова во секое време има што да понуди. И за слушање и за гледање.

Можеби токму затоа е и една од најбараните кога се во прашање настапите или популарно наречените „тезги“, од кои естрадата всушност и живее. Концерт, настап, прослава, свадба, што и да е… Работата навидум – песна, а всушност далеку од лесна и уште повеќе стресна, зашто на секоја „тезга“ треба да си 100% во форма, башка тип-топ скоцкана, а и никогаш не знаеш што те чека, со што публика и каков тип на гости ќе се соочиш. Тоа Гавазова и тоа како добро го сфатила, па затоа се труди за секоја прилика да биде максимално подготвена.

Како што спортистите пред секој натпревар, пред да излезат на терен се загреваат, така и фолкерката покажа како изгледа нејзиниот ритуал пред да „истрча“ пред гостите за да ја започне забавата во клубот, салата, ресторанаот, кафеаната… Овој пат Сузана Гавазова во познатото кумановско спа, како „секси тигрица“!

Во кусо фустанче со тигрести шари во вид на апликација и длабоко деколте за подобра „визуелна комуникација“ со гостите, Гавазова најпрвин долгите нозе обуени во модерни летни сандали на високи потпетици ги прошета во ходникот на катот од хотелската соба.

Малку фолк „cat walk“ на струмичката убавица за лична самодоворба и загревање пред долгото стоење на нозе, што ја очекува.

Потоа едно свртување, еден манекенски полукруг пред лифтот чија метална врата послужи како огледало за огледување и меркање, но и за секси танцување и тверкање.

Раскошна однапред, расна одзади, со извајана задница и бујни гради, „струмичката тигрица“ со секси изглед од кој „паѓа вилица“!

Уште пред да излезе на сцената Гавазова со своите провокативни движења кои се толку сочни, покажа  дека има моќ да ги „запали“ своите обожаватели, но и оние кои музиката ја впиваат „само со очи“!

Впрочем, доволен е само еден нејзин поглед в очи да ги скроти како деца мали, поглед, кој мами, привлекува и „пали“…

Дека ова не е само случаен ритуал пред настап кој го практикува туку така, Гавазова покажа веднаш штом стапна меѓу својата гостинска клиентела.

Микрофонот в рака за песна и истите провокативни секси движења во ритамот на музиката за „лудница“ во публиката. Проверен концепт по стариот добар рецепт.

А кога распложението на гостите ќе достигне делириум и бакшишот достига – максимум!

Фото: Интаграм принтскрин/suzanagavazova

 

 

To top