Познатата македонска фолк фејачка Сузана Гавазова е една од тие кои знаат да уживаат и добро да се разладат од летните горештини.
Таа со гордо крената глава во нејзин стил сега го вртеше телото од милион долари покрај базенот во куќата во Стар Дојран каде моментално престојува.
Исончана и добро намачкана со крема низ целото тело таа покажа колку е врела и смела под топлите зраци да ги истакне нејзините манекенски вештини кои ужива да ги покажува често на нејзиниот профил на кратките Инстаграм приказни.
Додека позираше пејачката, над неа прелета авион кој целосно се вклопуваше во нејзиното видео со кое ја комплетираше снимката на која таа ги покажува нејзините облини за кои редовно се грижи негувајќи го здравиот начин на исхрана, а богами посетувајќи и теретана секогаш кога е во можност.
Таа на главата носеше лента за коса со сличен дезен како и нејзиниот костим за капење, а движејќи се покрај стаклената ограда ја допираше нежно долгата коса во заносна поза како што таа знае и умее, а со тоа да го задржи вниманието на сите.
Гавазова знае како да ужива во летото и не пропушта момент и прилика кога може да плива и да се сонча, а тоа е така и во текот на целата година бидејќи таа и кога е зима обожава да биде негде каде температурата е доволно висока за да може да облече костим за капење.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сузана Гавазова