Српската фолк естрада несомнено важи за најдобра во регионот. На неа егзистираат најпопуларните ѕвезди, се прават и пејат најголемите хиови, таму конкуренцијата е најсилна… Ако успееш во Белград, си успеал на цел балкан, велат и апсолутно се во право.
А токму на чекор од тој успех, на дофат на раката да го освојат белград се и некои од македонските фолкерки, како Сузана Гавазова и Сања „Барби“ Цинцева. Вратата е подотворена, патот трасиран, останува со својата атрактивност и вокално – телесните квалитети, кои патем, ним не им недостасуваат, да се докажат и покажат, а зошто да не и да ги засенат фолк пејачките од северот!
Токму затоа сексапилните струмичанки Гавазова и Сања – Барби деновиве беа во Белград… Во Гранд и на Прва ТВ… заедно со сите ѕвезди, на неколку снимања.
Најпрвин во емисијата „Практична жена“ кај Наташа Павловиќ. Потоа Гавазова на уште една од мноштвото емисии на Гранд, каде ја промовираше својата прва песна на српски – „Хало“.
Атрактивна, разголена, во црн светкав фустан со длабоко деколте и градите на мегдан, во црни светлави чизми над колена или во сребрена секси комбинација, Гавазова како блескаше… Како вистинска балканска фолк кралица од југот!
View this post on Instagram
Сања – Барби застана на сцената на Гранд и во една од мноштвото нивни новогодишни емисии. Со залижана коса, во светкаво кусо фустанче, долги нозе и секси изглед во столот: „Јас можам се’“ – како што гласи нејзината песна која ја пееше, Сања – Барби „обара на прва“.
Поубавиот дел од српската фолк естрада добива жестока конкуренција од југот. Гавазова и Барби стапнаа на нивната сцена, напливот на останатите фолкерки од југот белки допрва следува.
На ред се Елена Велевска, Сани Гроздановска, Стојне Николова… Време е македонската женска фолк фаланга да тргне во поход кон север.