Радио Милева
алка в уста?

Сузана Гавазова би сакала да наликува на македонска модна фолк икона, арно ама… Пејачката ставила пирс во усните или го утнала фотошопот? (ФОТО)

Сузана Гавазова би сакала да наликува на македонска модна фолк икона, арно ама… Пејачката ставила пирс во усните или го утнала фотошопот? (ФОТО)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова веќе со години е една од најпопуларните пејачки. За атрактивноста, вродениот сексапил, надареноста од мајка природа и по некој сите зафат на „пластичарите“ и да говориме.

Привлечна, згодна, неопходна… Гавазова е не само надарена по глас и изглед, туку и по вкус… Особно последниве години, во кои пејачката се труди да изгледа модерно, елегантно, заводливо, секси… И најчесто тоа и успева.

Впрочем Гавазова неретко изгледа како ѕвездите од регионалната, па дури и од светската естрада, кога се модните парчиња и комбинации во прашање. Од гаредероба и обувки, до накит, аксесоари, шминка и фризура… Гавазова речиси секогаш има впечатлива визура.

Овој пат пејачката сакала да се пофали со необичен модел на фустан, нешто  што дури тоа и не е, зашто наликува на кринолина. Своевиден „Моден скелет“ врз кој обично се навлекува одреден материјал за да заличи на вистинско здолниште. Инаку излегува дека онаа што истото го носи, се шета по долна обека, ако и таа на себе воопшто ја има.

Но, ова не се однесува на Гавазова, која под кринилината носи црн корсет од провидна тантела и црни свиленкасти шорцеви, така што со изгледот  се’ е повеќе од регуларно… Освен едно!

Веќе на следната фотографија која е во црно-бела техника, атрактивната струмичанка изгледа како да ставила пирс во устата!

Имено, Гавазова сакала моментот да го овековечи со фото  портрет од себе си, арно ама изгледа при фото-шоп корекцијата – претерала… Таа самата или тој што ја фотошопирал сликата, сеедно! Зашто како што може да се забележи од претходните колор фотографии и принтскрин шотовите од видеото, пејачката на ушите ноци големи обетки во вид на тенки алки.

А, на споменатата фотографија, на Гавазова алката и излегува од устата! Небаре ставила пирс, а на поединци им наликува на жена од некое африканско племе, зашто тие така умеат да го украсуваат лицето!

Фото: Инстаграм принтскрин/ suzanagavazova

 

Останати вести од Радио Милева