Македонскиот бисер Охрид, чаршијата крај езерото, и останатите негови прекрасни локации беа местото каде Сузана Гавазова реши да направи уште една свадба, откако без да се разведе доби уште еден свршенички „Прстен несуден“… За среќа, само во песна и на видео, како што гласи насловот на нејзиното ново остварување кое е во фаза на изработка и поспродукција!
Корона пандемијата го затвори светот дома, а музичарите и естрадата најмногу настрадаа, но македонската фолкерка реши одново храбро и гордо да и пркоси на неволјата. Додека повеќето од естрадните уметници седат без работа, без приходи и вложувања во нови проекти, таа реши да снима спот и во ова време-невреме, среде корона пандемија.
Љубовта и овој пат како вечна тема, а приказната во видеото ја поведе фолкерката на патување низ времето, за низ песна да ја раскаже приказната за големата љубов за двајца млади.
Универзална приказна која секогаш е така иста , а толку различна, без оглед и без разлика во кое време и на кое место се случува.
Раскошни костими, олдтајмер, староградски стил и пејачката закопчана до грло на прошеткаа по калдрмата низ тесните охридски сокации во стариот дело на градот во друштво на Џамбо Агушев и неговиот оркестар, придружувани од многуте статисти, членови на модното студио „Шанел“ од Битола.
Вистинска атмосфера од крајот на 19-иот и почетокот на 20-от век, од времето на зачетоците на градскиот живот во Македонија…
Во кој времето и животот се поразлични, но љубовната мака иста: Како и секогаш, кога е ранета од љубов, душата боли и е тажна.
Текстот го напишал Орце Зафировски, а аранжманот го направил Минтас Мемедов. Видеото го снимаше екипата на „Ин продукција“, но под режисерската палка на младиот но веќе докажан мајстор кој работел спотови за најголемите македонски музички поп ѕвезди, Даниел Јовески.
„Гавазова вели дека на овој начин сакала да и подари уште нешто убаво на нејзината публика и барем на миг со македонската песна да донесе ведрина во секој дом. Можеби во овој период кога музичарите немаат никакви настапи и ангажмани и не е исплатливо да се вложува во нови проекти, но и покрај се’, таа се одлучила на овој чекор, како нејзин начин да остане во контакт со својата публика која со години ја следи насекаде низ светот“.