ТВ водителката, музичар и писателка Сузана Турунџиева како и целата македонска јавност, засегнато и емпатично ги доживува деновите по веста за свирепото убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска.
Сузана силно потресена преку својот Фејсбук профил изрази сочувство до ужаленото семејство, а не ги задржа зборовите и тоа дека за жал живееме во дефектно општество од кое жртва се невини души.
-Прости ни Вања душиче чисто и невино. Прости ни затоа што дозволивме да бидеш жртва на бесчуствителни изроди маскирани во човечки тела.. Прости ни затоа што ова болно општество не ве заштити и поштеди вас децата од дефектите и дијагнозите на болни, пореметени и алчни умови.. Прости ни затоа што дозволивме секој да стане родител. Прости ни ако можеш. Длабоко и искрено сочувство до семејството на Вања Бог да им дава сила да ги преживеат овие ужасни денови… Пишува Турунџиева во својата објава.
Камен да заплаче или да прозбори за тагата, болката, гневот, револтот кој ни натежна како планина, но најтешка за мајката за чија болка не можат да се најдат зборови.
Познато е дека Турунџиева извесно време кративноста ја изразува преку ракотворби, односно рачно насликани каменчиња чии форми и се допаѓаат, а таа ги собира и ги претвара во парче декоративна уметност.
Нејзините последни камења во очи на празниците кои сигурно годинава нема да ни бидат исти, ги посвети токму на Вања.
Камења кои не плачат, туку зборуваат од сликата за врежанта болка по трагично згаснатиот млад живот.
Темна боја како симбол на она неповратното, тагата и болката, а златната дека се изгуби дете- златен ангел.
Науништлив и болен спомен кој ќе остане цврт како камен- засекогаш!
фото: Facebook/ Suzana Turundzieva/ Instagram printscreen/ suzana_turundzieva