Промотер

„Суперхикс“ бараат државата да субвенционира антидепресиви за да бидете -„Добар човек“ (ВИДЕО)

„Суперхикс“ бараат државата да субвенционира антидепресиви за да бидете -„Добар човек“ (ВИДЕО)

„Суперхикс“ го промовираа својот нов сингл со наслов „Добар човек“ и анимиран видеоспот авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски. Уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на вашата Банда Инструментале.

Песната е снимена во студио „Тра-Ла-Ла“  на Мите Димовски. Tекстот е на Борис Минов и Петар Младеновски, амузикатаи аранжманот ги потпишуваат членовите на „Суперхикс“.

Патем, „Суперхикс“ упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни институции да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко-смирувачки медикаменти.


Македонија е рекордер по сите параметри за користење антидепресиви и седативи по глава на жител, па со ова значително им би се олеснило на корисниците, аза жал ги има илјадници.Очекуваме одговор – час поскоро“.

Дотогаш, заштедете на пари, а сепак зачувајте ги вашите нерви и психа со „музичкиот седатив“ на „Суперхикс“ и бидете… „Добар човек“ (КЛИКНИ ТУКА):   

To top