Пејачката Наташа Малинкова како и нејзините колеги и колешки од музичката бранша моментално е на пауза од концерти, настапи, снимање нови музичка парчиња поради коронавирусот.
Иако повеќето од музичарите се активни на социјалните мрежи објавувајќи секојдневие од својот живот, тоа не е случајот и со Милинкова.
Сепак, пејачката деновиве имаше убав повод за славење односно полнолество на нејзината постара ќерка Султана.
По тој повод, Наташа на својот „Фејсбук“ објави фотографија со својата наследничка и славеничка, а во описот напиша:
„Вака те држвев точно пред 18 години кога те родив. Му благодарам на Бог што те имам моја паметна и убава….Летај птицо моја. Од денес започнува ново поглавје во твојот живот. Те сакам мама“, пишува до објавата на која е прегрната наследничката.
Под објавата се нижеа честитки и убави желби за славеничката.
Инаку, освен Султана, Малинкова ја има и помалата ќерка Емилија.
Честитки!