Познатата двојка Суки Ватерхаус и Роберт Патинсон ќе станат родители.
Двојката е во врска нешто повеќе од пет години,а и самите се толку блиски колку што изворите постојано откриваат дека се заљубени како првиот ден, Суки признава дека сè уште е неверојатно возбудена кога и да се појави името на Роберт на нејзиниот телефон,а Роберт откри дека премиерата на „Бетмен“ беше особено трогателен и емотивен момент за него.
Во видеото кое почна да се врти на Х, или поранешен Твитер, Суки Вотерхаус облечена во светкаво розов мини фустан,капут со пердуви,чизми со реси и светкави хеланки,откри неколку супер важни вести за публиката на фестивалот Coronoa Capital во Мексико:
„Денес сум екстра блескава затоа што мислев дека може да ви го одвлече вниманието од нешто друго што се случува“,рече таа,а потоа продолжи и го отвори палтото за да го покаже трудничкиот стомак и на шега додаде: „Не сум сигурна дали функционира“.
Suki Waterhouse appears to announce she’s pregnant with first child with Robert Pattinson at the Corona Capital festival.pic.twitter.com/yrcqQ1uBEU
— Examiners Club. (@examinersclub) November 20, 2023
31-годишната актерка,модел и кантавтор е во врска со Роберт Патинсон повеќе од пет години,а парот почна да живее заедно во Лондон за време на пандемијата COVID-19 додека тој го снимаше Бетмен.Тогаш извор близок до парот открил за магазинот People дека нивната врска брзо се развива и дека се многу заљубени,додавајќи дека постојано се смешкаат еден на друг.
фото+видео: printscreen X/sukiwaterhouse