Пејачка Рада Манојловиќ призна дека не е толку слатка како што изгледа. Пејачката ги откри своите маани на своите следбеници на социјалната мрежа Твитер.
– Три вистини за мене: Суетна сум, големо злопамтило и стара чекалица – напишала Рада, а потоа додала:
– Можеби се маани, но како што одминува времето се повеќе сфаќам дека тие се всушност доблести. Тие што разбираат ќе разберат – додаде пејачката.
Манојловиќ веднаш предизвика општа врева на Твитер поради напишаното. Некои мислеа дека суетата не може да биде позитивна особина кај некоја личност, други дека таа само се шегува бидејќи не можеа да поверуваат дека тоа е лош спомен, а на други им се допадна што е искрена.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер/е -сток