Струмичанката Славица Ангелова беше Македонката која воодушеви со својот настап во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“, каде се натпреваруваше во дуел со Белорусинката Ксенија Тану, за минување понатаму во следниот круг.
Најинтересно беше тоа што и натпреварувачката од Македонија, чиј ментор е рокерот Ѓорѓе Давид, и Белорусинката која е од тимот на Марија Шерифовиќ, настапија со иста песна од „Парни Ваљак“.
Нивниот пристап кон култната „Угаси ме“ беше различен, но и двете имаа фантастичен настап покој освоија максимален број гласови.
Но и покрај тоа, правилата се такви што мораше да има прегласување за тоа која од нив ќе оди понатаму.
Така Белорусинката, која освои четири гласови со кои помина директно во следниот круг, додека Славица, која освои гласови од Цеца и Вики, мораше да почека да поминат неколку други парови, па дури откако петмина од нив заминаа во бараж и таа се префрли во следниот круг.
„Секако дека обете треба директно да поминат во следниот круг, но правилата налагаат поинаку. Знаев дека исходот ќе биде ваков, искрено ви велам. И двете бевте феноменални и ви честитам од сé срце“ – изјави Цеца, алудирајќи на тоа дека вакво нешто досега се нема случено во популарното регионално, музичко, талент шоу.
Позитивен коментар за настапот на двете ривалки даде и Вики Миљковиќ, која не го криеше своето воодушевување и од она што го покажаа на сцената и од нивните стајлинзи.
„Изгледате како да сте две млади светски ѕвезди од светската сцена. Подеднакво сте добри, но кај кандидатката број два посебно ми се допадна првата песна“ – заклучи Вики.
Кога сме кај стајлингот, талентираната струмичанка и овој пат воодушеви со својот моден избор, а истото мислење го делат не само членовите на жирито, туку и нејзините обожаватели.
Имено, Славица овој пат настапи во црни панталони и „кроп топ“, а на на рацете носеше интересен моден детаљ направен од бели пердуви со кои остави посебен естетски впечаток.
Снежана Ѓуришиќ ги пофали и им честиташе на обете велејќи дека ова е пример како изгледа кога имаат две кандидатки кои пеат иста песна на сосема различен начин, а тоа звучи подеднакво добро.
„Имаш некој нерв, толку си мала, како џебна Венера, а такви пејачки се раѓаат еднаш во триесет – четириесет години“ – прокоментира нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид фалејќи ја својата кандидатка за нејзината позитивна енергија со која Славица зрачи на сцената.
Марија Шерифовиќ ја пофали Славица дека пее феноменално и дека нема од кого и зошто да се плаши, нема потреба од страв и трема зашто е фантастичен вокал.
Како изгледаше нејзиниот настап можете да проследите од видеото во продолжение ( на 20 мин. и 10 секунди) – КЛИКНИ ТУКА:
Фото: Инстаграм принтскрин/slavica.angelova
Видео: You Tube/Zvezde Granda