Оваа сабота од изминатиот викенд на Канал 5 телевизија се емитуваше втората епизода од новата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓу натпреварувачита од целиот Балкан застана и 20 годишната струмичанка Славица Ангелова која го воодушеви жирито.
Имено, таа беше во придружба на мајка си, а се претстави со „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и Лутка за бал“ од „Парни ваљак“ и импресионираше соп својот талент.
Прв за неа даде глас Ѓорѓе Давид, потоа Вики Миљковиќ, Цеца Ражнатовиќ, а следеа и останатите, па дури и Босанац кој со стартот на актуелната сезона не е расположен за давање гласови.
Инаку,Славица е студентка на медицина, се има натпреварувано и во „Неки нови клинци“, а нејзината мајка цело време ја бодреше во бекстејџ заедно со Војо Недељковиќ кој исто така играше.
Кога ги доби сите осум гласови, Ангелова не можеше да се одлучи кој да биде нејзин ментор, велејќи дека тоа е многу тешка одлука за неа, па помеѓу Ѓорѓе Давид и Шерифовиќ, таа се одлучи за Ѓорѓе.
-Голема чест ми е! Морам да ви кажам дека од Џејла Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил – изјави Ѓорѓе Давид Славица го избра за нејзин ментор.
Нејзиниот настап можете да го погледнете на 55.00 минута:
фото:Јутјуб принтскрин/Ѕвездите на Гранд