Приватниот живот на нашата позната пејачка Каролина Гочева за разлика од оној на нејзините познати колеги, не е толку експониран во јавноста.
Тоа е така бидејќи пејачката има свои правила и не сака многу да ја меша работата со она што и се случува на приватно поле.
Социјалните мрежин се прозорецот од каде за секого може да ѕирнеме по нешто, но кај Каролона тоа ретко се случува.
Овој пат, на изненадување по подолго време, таа објави фотографии со своите сакани од семејството, нејзинта сестра Сандра Гочева-Јерчиќ, како и нејзините внуки, Луција и Инес, односно ќерките на Сандра.
Убавите битолски чупиња се релаксираа и опуштаа во убавините на Пелистер, а доживувањето во природа го документираа со неколку фотографии кои се најдоа и на профилот на пејачката.
Кога Каролина вака ќе пушти срце да покаже нешто од она што и се случува во секојдневието, тоа секогаш, а и овој пат наиде на доста позитивни реакции од бројни следбеници.
А за лајковите… зарем треба да се коментира…