Пејачката Гоца Лазаревиќ беше гостин во емисијата на РТС, раскажа како се соочила со менопаузата на 32 години.
Менопаузата, медицинска состојба која ги погодува жените постари од 50 години, ја погоди пејачката во раните триесетти години, а причината, како што вели Гоца, е стресот.
– Влегов во менопауза на 32 години. За среќа, пред тоа имав деца. Мислам дека причината за тоа е стресот. Она што е непријатно на таа возраст е ненадејното, континуирано потење. Адреналинот работи напорно. Пред публиката, камерите е многу непријатно, но жив човек се навикнува на се’. Дури кога имав 40 години ми го привлекоа вниманието на тоа. Тогаш вештачки ми предизвикуваа циклус до 50 години, со хормонска терапија. Се плашев да не ми се смени гласот, тоа ми беше основен проблем и грижа. Живеев под голем стрес, само размислував како да го надминам тој проблем – изјави Гоца Лазаревиќ.
За време на хормонската терапија која ја примала забележала дека има проблеми со коските.
– Единствено што забележав е дека немам топли бранови. Се плашев, бидејќи сум склона кон болки во коските, многу пати по тие 32 години ги кршев коските – вели Гоца.
фото:Принтскрин Пинк ТВ