Радио Милева

Стравичен пожар го проголта имотот на славниот холивудски актер (фото+видео)

Стравичен пожар го проголта имотот на славниот холивудски актер (фото+видео)

Холивудскиот актер Расел Кроу на социјалните мрежи објави дека пожарот го уништил неговиот имот.

Источното крајбрежје на Австралија е во пожар и материјалната штета сè уште не е дефинитивна, а имотот на оскаровецот наиде на удар од пламените јазици.

Актерот објави видео и фотографии од уништената област, а во еден момент се појави хеликоптер над неговиот имот, гаснејќи ги дрвјата во пламен. Во претходниот пост, Кроу потврди дека не е во Австралија и дека неговото семејство е безбедно со пријателите.

– Јас не сум во Австралија. Моето семејство е безбедно, опкружено со пријатели. Пожарот дојде до мојот имот вчера. Моето срце е со сите во долината – напиша Расел вчера на Твитер.

„Изгубивме две згради, но можеме да бидеме среќни“, напиша кратко актерот, заблагодарувајќи им се на сите кои се на теренот и ги гасат пожарите. Животните од фармите, како што вели тој, не се повредени.

To top