Радио Милева Љубовна приказна

Страст и емоции: Пејачот Стефан Величковски со љубовни стихови и ја честиташе на сопругата Ана годишнината од нивниот брак (фото)

Страст и емоции: Пејачот Стефан Величковски со љубовни стихови и ја честиташе на сопругата Ана годишнината од нивниот брак (фото)

Стефан Величковски, пејачот кој остави голем впечаток во „Ѕвездите на гранд“, со емотивно видео и ја честиташе годишнината од бракот на неговата сопруга, ТВ водителката Ана Николовска Величковски.

Младиот пејач на кого најголема поддршка во музичкото шоу  му беше семејството, додека учествуваше двапати, не стигна до финалето, но затоа доби агенда полна со настапи, а воедно тоа беше и причината поради која мораше да се откаже од учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

 

Тој со неговиот приватен живот не се експонираше многу на јавноста се до моментот кога ја обелодени врската со убавата ТВ водителка Ана Николовска.

Тие тогаш со заедничка објава на нивна фотографија  ја официјализираа  врска, а набргу  Стефан ја побара Ана за сопруга во Истанбул каде таа го изговори судбоносното „Да“.

Оттогаш тие заедно ги поминуваат најубавите моменти во животот, а неодамна ја добија и улогата на родители. Неговата сопруга на свет донесе девојче кое го крстија Зорана, а гордиот татко со воодушевување објави за радосната вест која му го исполни срцето.

Овој пат пејачот за еден убав и посебен повод  на емотивен начин јавно и ја честиташе годишнината на неговата сопруга со видео полно со нивни заеднички фотографии со кое ја опеа нивната љубов, па во описот ги искористи стиховите на познатиот пејач Здравко Чолиќ за годишнината па напиша „Една година од официјалното „Да“.. :

„Тебе те чувам за крај, до крајот на нашиот живот, живот исполнет со премногу љубов, страст и емоции. Чувај ме како и сега, сакај ме како што ме сакаш сега, гушкај  ме најнежно како што тоа најдобро знаеш да го правиш. Јас сум тука за тебе. Па со задоволство  ја тагна и неговата сопруга Ана,  но во коменатрот не ја изостави и нивната ќеркичка: „Нашата мала Зорана, нашето најголемо богатство и нашата смисла за живот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Velickovski (@stefan_musician)

Набргу потоа за убавиот повод објави и Ана, па ја репостираше истата објава на нејзиниот сакан сопруг на кратките приказни на „Инстаграм“ со зборовите:  „Те сакам до месечината и назад“.

Додека пак, нивните следбеници им посакаа среќа и многу љубов до крајот на животот,  Стефан со видеото ги разнешни и ги воодушеви сите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Стефан Величковски /Ана Николовска

 

 

 

To top