Таа истакнува дека жали за некои работи во животот, но дека се труди да има позитивен став. Славната австралиска пејачка кајли Миног отворено проговори за својата борба со ракот на дојка, признавајќи дека болеста ја спречила да има деца. Џебната Венера се присети на 2005 година кога и беше дијагностициран рак, и објасни како тоа влијаело на основањето семејство во нејзиниот случај.
-Имав 36 години кога ја добив дијагнозата. Реално, тогаш бев во втората половина на животот, вели Кајли и додава:
-Во тоа време деца се уште не беа на мојот дневен ред, но болеста се промени.
Пејачката ја прокоментира и можноста сега да стане мајка.
-Очиглено е дека не сакам премногу да мислам на тоа, сите велат дека има многу опции, но не знам.
Таа истакнува дека жали за некои работи во животот, но се труди да биде позитивна.
-Сега имам 50 години и многу сум опуштена во животот. Не можам да кажам дека не се каам за некои работи, но можам да кажам дека ми беше тешко да продолжам понатаму, а сега морам да бидам филозовски настроена колку можам. Морате да го прифатите она каде сте и да продолжите понатаму од таа точка, објаснува Кајли.
Она за што најмногу жали е што се лажела самата кога е во прашање љубовта со оглед на тоа дека нејзините врски завршуваа бурно и главно таа беше изневерена и оставена. Но, потекцира дека никогаш не престанала да верува во љубовта, а како награда за тоа е нејзината романса со 45 годишниот Пол Соломонс, креативниот директор на британското издание на магазинот „GQ“.
фото:Guliver Getty Images, Instagram