Промотер

Стојне Николова е на пат да стане невеста – „Спремај мајко дарови“ (ВИДЕО)

Стојне Николова е на пат да стане невеста – „Спремај мајко дарови“ (ВИДЕО)

Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа насловена „Спремај мајко дарови“. По последната „Око мое“, која иако новосоздадена  во себе ја носеше душата на македонскиот изворен фолклор, динамитната струмичанка и овој пат како да продолжува во истиот манир.

Песната е компонирана од еден од браќата Нуне  – Филип, додека стиховите и овој пат ги напишал нејзиниот стар соработник, Огнен Неделковски.  Продукцијата и снимањето му се препуштени на Горан Момировски и неговото ХЛ студио.

Видеоклипот го потпишува Арт студио продукција, кое се темели врз духот на нашата традиција и симулација на приказната за барање на раката на саканата со сите нишани, за идна невеста.

Во видеото главната ролја ја играат и познатите македонски актери Гордана Ендровска и Нино Леви, кој се појавува во улогата на таткото на идната невеста, во случајов младата Стојне.

Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение:

 

 

To top