Радио Милева трансформација

Стоја го смени имиџот – погледнете како изгледа сега , а еве од кого ја позајмила идејата (фото)

Стоја го смени имиџот – погледнете како изгледа сега , а еве од кого ја позајмила идејата (фото)

Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја присувствуваше на снимањето на емисијата „Гранд шоу“ и ја покажа нејзината нова фризура, а многумина коментираа дека личи на актерката Лидија Вукиќевиќ.

Стоја никогаш не се плашела да експериментира со должината и бојата на косата, а минатата година имавме можност да ја видиме со кратка фризура.

Тогаш многумина ја споредуваа со Крис Џенер, мајката на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, а сега таа успеа да ги изненади своите фанови со нова трансформација.

Имено, Стоја на снимањето на емисијата дојде со нова фризура, а очигледно идејата ја „позајмила“ од актерката Лидија Вукиќевиќ. Долгата, црна и кадрава коса во реп беше во преден план, а многумина ја коментираа неверојатната сличност со Лидија. Фановите на Новаковиќ се воодушевени од оваа промена, а проценете сами како вам ви изгледа новиот имиџ на Стоја.

Фото: Принтскрин/Пинк ТВ/Антонио Ахел / Ата Имаџес

To top